Новак Ѓоковиќ имаше катастрофален ден во  Токио. Прво загуби од Александер Зверев во полуфиналето од сингл делот од турнирот, а потоа беше поразен и во микс дуелот каде играше со Нина Стојаовиќ, а подобри од нив беа Аслан Карацев и Елина Веснина.

Во изјава за РТС се виде колку му е тешко. Ако тоа што беше воопшто може да се каже изјава.

„Не можам… Не знам што да кажам“– некако изусти Ѓоковиќ, а потоа се сврте и замина.

Ноле утре напаѓа две бронзи, во сингл и во микс дубл.

Прво во 8 часот наутро по наше време ќе игра со Карењо Буста, а потоа со Нина Стојановиќ ќе играат против Пирс и Барти.