Анжелик Кербер ја совлада кинеската тенисерка Шуај Жанг со 2:1 во сетови во меч од ВТА турнирот во Пекинг, но резултатот на овој дуел падна во втор план, откако на трибините изби жестока тепачка меѓу навивачите.

Инцидентот се случи поради навивач на германската тенисерка која го навредуваше тренерот и мајката на кинеската тенисерка, а еден од пријателите на Жанг тргна физички да се пресмета со него.

Останува да видиме дали и како ќе го оценат од ИТФ овој инцидент.