Бранителот на титулата, Новак Ѓоковиќ го декласираше Уго Умберт во осминафиналето на Вимблдон по што закажа четвртфинална пресметка со Давид Гофан.

За 1 час и 44 минути, Ѓоковиќ експресно го доби соочувањето со Уберт со 6:3, 6:2 и 6:3 и ја продолжи победничката низа на неофицијалното светско првенство.

„Секогаш се трудам да дојдам до големото финале и ја темпирам мојата форма за да се преставам најдобро на овој турнир. Вимблдон е посебен настан за мене. Задоволен сум што успеав да го добија мечот во три сета. “ – изјави Ѓоковиќ по победата над Умберт.