Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ славеше во финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Дубаи, против Стефанос Циципас и по пети пат во кариерата го осови овој трофеј.

Ѓоковиќ во финалето одигра одличен тенис, првиот сет го доби со 6:3 а вториот со 6:4 освојувајќија третата титула во оваа календарска година.

Со победата, Ѓоковиќ освои 500 АТП поени и 565,705 долари додека Циципас ќе добие 284,485 долари и 300 поени.