Новак Ѓоковиќ поради повреда на левото рамо го предаде мечот со Стен Вавринка на УС Опен, не ја издржа болката и се повлече од дуелот со Швајцарецот.

Ѓоковиќ ја бранеше титулата на последниот Грен слем турнир, УС Опен ќе има нов шампион во 2019. Публиката со свирежи го испрати Ѓоковиќ во соблекувалната незадоволни што Србинот го предаде мечот.