Новак Ѓоковиќ стигна до титулата број 9 на Австралија опен. Убедливо славеше против Русинот Данил Медведев.
Србинот не дозволи да се одиграат повеќе од три сета и со фуриозна игра го збриша Медведев.
Најнеизвесен беше првиот сет, кој популарниот Ноле го доби со 7:5, вториот и третиот сет пак Ѓоковиќ ги доби убедливо со 6:2.
Инаку, ова е трета година по ред како Новак во освојува турнирот во Мелбурн. Сега има вкупно 18 гренд слем титули.
Comments are closed for this post.