Новак Ѓоковиќ полека се подготовка за почеток на новата сезона, АТП купот и Австралија опен.

Двонеделниот карантин е завршен, во петок одигра егзибициски меч со Јаник Синер, а време најде и за забава со пријателите.

Новак играше футволеј, односно одбојка со нозе.

„Ова беше обид да се направи нешто слично на она што го прават Наталија Гитлер (играчка во футволеј) и Роналдињо, но очигледно не успеа“-напиша Ѓоковиќ на Твитер.

 

Ѓоковиќ сезоната ќе ја стартува во АТП купот, каде Србија во првото коло има средба со Канада.