Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на третиот Грен слем турнир во годината, Вимблдон.

Србинот денес без поголеми проблеми славеше над Шпенецот Роберто Баутиста-Агут со 3-1 во сетови 6-2,4-6,6-3 и 6-2.

Во големото финале на Вимблдон, Ѓоковиќ ќе се сретне против подобриот од мечот Рафаел Надал и Роџер Федерер.

За Новак ова е шестто учество во финалето на Вимблдон.