Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртфиналето на АТП турнирот во Виена откако го совлада Чориќ со 2:0.

Ѓоковиќ немаше поголеми проблеми во обидот да го совлада Хрватот кој во првиот сет загуби во тај-брејк а во вториот Ноле беше подобар со 6:3.

Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе игра со победникот од мечот на Сонего и Хуркач.