Каролина Плишкова го заврши овогодинешниот настап на Ролан Гарос откако беше елиминирана од Остапенко (43 на ВТА листата) во два сета со 6:4 и 6:2.

Мечот траеше еден час и десет минути а елиминацијата на Плишкова е само една во низата изненадувања оваа година на престижниот турнир.