Контроверзниот австралијански тенисер Ник Кирјос и Американката Кравчик го загубија мечот против Маркус Даниел и Џенифер Брејди, а по натпреварот парот имаше интересна прес-конференција.
Кирјос пред новинарите истакна дека му е потребен одмор.
„Играв осум ипол часа за три дена. Добро се чувствувам, но вечерва сепак ќе одморам.“ – истакна Кирјос.
На ова се надоврза неговата партнерка, која не му поверува.
„Ќе одмораш? Немој да се**ш“ – му одговори Кравчик, по што им се извини на новинарите.
„Малку ќе јадам, па во кревет.“ – врати Австралијанецот.
Американката не запре тука, па повторно го „спушти“ колегата.
„Сигурно сите ти поверуваа.“ – додаде таа.
Be the first to write a comment.