Поразот на Роџер Федерер од Стефанос Циципас во четвртото коло на Австралија Опен е официјално прогласен од страна на АТП за сензација за 2019 година.

Швајцарецот изгуби во четири сета од Циципас и остана без титулата и поените кои ги бранеше.

Триумфот на Аргентинецот Гвидо Пеле над Милош Раониќ е втора сензација, додека киксот на Федерер во четвртфиналето на УС Опен е на третото место.