Словенечката тенисерка Далила Јакуповиќ испадна од квалификациите за Австралија Опен, откако го предаде мечот од квалифиациите за првиот Грен Слем годинава.

Тенисерката мораше да повлече поради тоа што почна да губи свест поради големото загадување на воздухот, кое е резултат на големите пожари што ја зафатија Австралија последниот месец.

 

„Се исплашив. Не можев да одам, ова никогаш не сум го доживеала. Немам астма, никогаш не сум имала проблеми со дишењето. Всушност, сакам кога е топло, но сега не можев да дишам“, изјави Јакуповиќ по мечот.