Најпрестижниот тениски турнир во светот, незаборавниот Вимблдон оваа година ќе можеме да го гледаме на 1ТВ. Ова го потврдија од медиумот кој најавува богата програма поврзана со неофицијалното светско тениско првенство.

„1ТВ ги откупи правата за емитување на неофицијалното светско тениско првенство. Овогодинешното издание на Вимблдон 2019 ќе можете да го следите од 1 до 14 јули.

Предвидена е специјализирана програма, отворено студио со една цел, најдоброто од престижниот тениски турнир во Лондон во најдобро светло да биде презентирана во домовите на нашите гледачи.

Отвореното студио ќе се емитува секојдневно од 13 часот,  по што ќе следува комплетна програма од најдобрите мечеви на денот со коментар на македонски јазик.“ – информираат од 1ТВ.