Русинот Данил Медведев неочекувано  со 3-0 го порази Новак Ѓоковиќ во финалето „УС Опен“, последен Гренд слем годинава.

Медведев запиша победа со 6:4, 6:4 и 6:4 го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, а мечот траеше 2 часа и 17 минути.

Ѓоковиќ по овој пораз не успеа да стигне до 21 Гренд слем титула, ниту до четврта во една календарска година од големите турнири, беше изнеанден кога публиката го скандираше неговото име.

„Ипокрај поразот, јас сум најсреќен човек на светот, затоа што вие, публиката, направивте да се чувствувам посебно на теренот. Никогаш не сум се чувствувал вака во Њујорк“ – рече Ѓоковиќ.