Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста-Агут стигна до најголемиот успех во својата кариера откако обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон во машка конкуренција.

Баутиста – Агут во четвртфиналето го надигра Гуидо Пела од Аргентина со 3-1 во сетови 7-5, 6-4, 3-6, 6-3.

Во полуфиналето противник ќе му биде најдобриот тенисер на светот и победникот од минатата година на Вимблдон Новак Ѓоковиќ.