Русија е победник во Дејвис Купот за 2021, во финалето запиша победа против Хрватска со 2-0.

Клучна беше втората победа во сингл, Данил Медведев беше подобар од Марин Чилиќ со 2-0 (7-6 и 6-2), Русите поведоа со 2-0, па откажан беше мечот во двојки.

Русија со овој освоен Дејвис Куп во 2021 има вкупно три во ова престижно репрезентативно тениско натпреварување, претходно  славеа  во 2002 и 2006 година.