Русинот Андреј Рубљов кој преку квалификациите дојде до главниот дел на турнирот во Синсинати за само 63 минути го победи Роџер Федерер со 6-3 и 6-4 и го елиминира од Мастерсот на кој „вечниот“ Швајцарец победи седум пати.

Ова е еден од најкратките мечеви кои ги одиграл Федерер во последните 16 години а на кој изгубил, Рубљов е 70. на АТП листата и за него ова е најголемата победа во кариерата.

Федерер последен пат загуби вака брзо во 2003 година од Франко Сквилари во Сиднеј по 53 минути игра со 2-0.

Рубљов (21) во четвртфиналето ќе се сретне со сонародникот Медведев за прогрес во полуфиналето.