Данил Медведев е победник на Мастерсот во Синсинати од серијата 1000, во финалето го победи Давид Гофан со  7:6 (3), 6:4.

Медведев е првиот Русин кој победил на Синсинати, турир кој се игра од 1899 година, за тоа му беа потребни 98 минути игра во финалето против Гофан.

Ова е прва титула на Медведев на Мастерс турнирите а вкупно петта во кариерата. Медведев го играше третото финале едно по друго, запиша два порази, во Вашингтон од Кирјос и во Монтреал од Надал.