Русинот Данил Медведев по голема борба и речиси три часа игра го победи Австриецот Доминик Тим во финалето на завршниот турнир во Лондон.

За Медведев ова е прва титула во кариерата на заврпните Мастерс турнири, го победи Тим со 2-1, по сетови 4-6, 7-6 и 6-4 по два часа и 45 минути игра.

Русинот сега има девет освоени турнири во кариерата, оваа сезона во услови на пандемија за него ова е втора титула, на АТП листата ќе биде на четвртата пзоиција во 2020 година.