Српскиот тениски АС, Новак Ѓоковиќ без поголеми проблеми го совлада Јапонецот, Татсума Ито со 3:0 и се пласираше во 3 коло од Австралија Опен.

Ѓоковиќ на противникот му дозволи да освои седум дејма во три сета. Во следното коло поранешниот светски број еден ќе игра со Јошихито Нишиока.

Пласман во 3 коло обезбедија и Марин Чилиќ, Циципас, Раонич, Шварцман, Фуковиќ, Сандгрен, Квери и Пеља.