Неверојатната Кори Гоф продолжи во одличен ритам и во 2 коло од Вимблдон. По неверојатната победа над Венус Вилијамс, 15 годишната Гоф денеска славеше над Рибарикова со 2:0 по сетови 6:3 и 6:3 и со ова обезбеди пласман во следната рунда. Таму ќе се сретне со Полона Херког.