Американката Серена Вилијамс се пласираше во полуфиналето на турнирот во Торонто, по победата над Јапонката Наоми Осака со 6:3, 6:4.

Во репризата од минатогодишното финале на првенството во САД, Вилијамс не се соочи со ниту една бреј топка, а освои 62 проценти од поените на својот прв сервис и запиша 12 асови.

За пласман во финалето, Серена ќе се бори против Мари Бузкова на која Симона Халеп и го предаде натпреварот по првиот изгубен сет.