Американската тенисерка и најголемиот фаворит за освојување на Вимблдон во женска конкуренција Серена Вилијамс без многу проблеми се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир откако ја совлада  шпанската тенисерка Карла Суарез-Наваро со 2-0 во сетови 6-2 и 6-2.

Мечот помеѓу овие две тенисерки траеше еден час и пет минути.За Американката ова е 14-ти пат да биде дел од четвртфиналето на Вимблдон,а 51.пат пласман во најдобрите осум на Грем Слем турнирите.

Следна противничка на Серена Влијамс ќе и биде Алисон Риск која денес го направи најголемото изненадување и ја совлада првата носителка на Вимблдон Ешли Барти со 2-1 во сетови.