Ана Каролина Шмедлова од Словачка одигра меч со Американката Венус Вилијамс на ВТА турнирот во Монтереј.

Таа одигра лош прв сет, кој го загуби, а при резултат 2:5 и 15:30 го изведе веројатно најлошиот сервис во историјата на професионалниот тенис. Имено, таа го промаши целиот терен и топката ја упати кон трибината со публиката.

За чудо, таа ги доби следните два сета и ја елиминираше Американката.