Во третиот сет од натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Американецот Денис Кудла, Србинот доби неочекувана понуда од трибините.

„Новак, направи ми дете.“ – викна мажот од трибините кон светскиот тенисерски ас.

Ѓоковиќ, изненаден дека слушна машки глас, се сврте кон публиката збунет, повторувајќи ги неговите зборови.

Гледачите се насмеаа, по што натпреварот продолжи.

„Не знам што би кажал на тоа. Како да свртиш јас уште не сум слушнам за тоа, единствено Шварценегер забремени во еден филм. Добив понуда да му направам дете на маж. Го прашав дали навистина ме праша тоа, а тој потврди. Не знам дали се шегуваше или не, интересна сцена.“ – одговори Ѓоковиќ по натпреварот.