Без многу компликации, за еден час и 14 минути, Симона Халеп обезбеди пласман во големото финале на Вимблдон.

Најавата дека на цетнралниот терен во Лондон на првиот полуфинален меч ќе гледаме неизвесен тенис, важеше само во воведните седум гејма од првиот сет. По ова Халеп ја презема контролата над играта со 6:3 и 6:1 ја декласираше Свитолина.

Финалето кај дамите е закажано за во сабота од 15 часот а таму Халеп ќе игра со подобрата од дуелот на Стрицова и на Серена Вилијамс.