Лоренцо Сонего од Италија приреди сензација на АТП турнирот во Виена од серијата 500, стигна до полуфинале со победа против немоќниот Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ  не успеа да се справи со 42 тенисер на АТП листата, загуби со 2-0 , по сетови 6-2, 6-1. За Италијанецот  Сонего  ова е најголемата победа во кариерата.

Србинот изгледаше на моменти толку немоќно што поразот стигна по само 68 минути игра.