Ник Киријос уште еднаш покажа дека не е спортист кој заслужува почит. Австралискиот тенисер ја продолжи „војната“ со Новак Ѓоковиќ со најновата постапка во Атланта.

Навивач на првиот светски рекет побара од Кирјос да му се потпише на маичката која е брендирана со името на Ноле а Австралиецот одлучи со маркерот да го прецрта името на Ѓоковиќ.