Ли Дак-их е тенисер со целосно оштетен слух, но и покрај тоа успеа да ја освои својата прва АТП победа.

Тој го совлада Хенри Лаксонен 7:6 (7-4), 6:1 и така направи чудо.

Луѓето ме исмејуваа поради мојот хендикеп, ми зборуваа дека не треба да играм. Дефинитивно беше тешко, но семејството и пријателите ми помогнаа се’ да издржам. Сакав на сите да им покажам дека можам. Мојата порака е токму таа – ако напорно работиш, можеш да постигнеш се’“ – изјави Ли.

Тој доби голема поддршка и од колеги кои сметаат дека е многу тешко да се игра на овој начин. Ли не слуша од својата втора година и има проблем со коминикацијата бидејќи не го владее знаковниот јазик, туку научен е да чита од усни.

„Да играм тенис со слушалки би било неверојатно тешко да ја проценам брзината на топката и другите елементи. Ушите многу се користат во тенисот. Тоа е голем хендикеп, но значи и дека е вложен огромен напор и труд во неговата работа.“ – истакна Енди Мареј.