Енди Мареј загуби од Фабио Фоњини по три часа игра со 7:6 (4), 2:6, 7:6 (2), интересен меч кој донесе многу непредвидливи ситуации на Мастерсот во Шангај.

Британецот во третиот сет , при 5-5 во гејмови, излезе на мрежа да одигра волеј, Фоњини гласно викна, тоа го изнервира Мареј кој реагираше жестоко.

„Пријателе ти вака реагираш против секого, време да престанеш со тоа, и замолчи веќе еднаш“- се обрати Мареј на Фоњини.