Нова сензација на неофицијалното светско тениско првенство денеска, откако аргентинецот Гвидо Пела успеа со максимални 3-0 (6-4, 6-3, 7-6) да го совлада минатогодишниот финалист на Вимблдон, Кевин Андерсон.

Во одличниот тенис натпревар одигран на централниот терен, Пела ја имаше контролата врз мечот од самиот почеток до крајот и избори пласман во осминафиналето, за него прв ваков пласман на Гренд Слем турнир.

Пела и во 2018-та година приреди ваква сензација, кога го порази Марин Чилиќ, кој годината пред тоа настапи во финалето на Вимблдон. За место во четвртфиналето, Пела ќе се бори со канадскиот тенисер Милош Раониќ.