Стефанос Циципас го победи Александер Зверев во два сета на Мастерсот во Лондон и обезбеди полуфинале на завршниот турнир.

Во текот на натпреварот наводно е приметено дека Зверев користел мобилен телефон за комуникација, телефонот бил во неговата торба, по мечот новинарите се интересираа за оваа ситуација.

„Мојот телефон беше во соблекувалната, секогаш е таму додека настапувам, не знам што сте виделе, но сигурно е дека мојот телефон не беше во торбата, можеби беше само празно шише за вода“ – одговори Зверев.