Прославениот тенисер Матс Виландер по завршувањето на кариерата, работи како новинар, а при едно негово интервју Швеѓанецот упати низа комплименти за играта на Доминик Тим. Австриецот со години важи за голема надеж на тенисот, но никако да го потврди тоа со игра и трофеи.

 

Тием се држи до планот на игра, порано знаеше да отстапи од планот. Тој ужива на теренот и знае да погоди неверојатни удари. Ако зборуваме за уметнички впечаток, тој е подобар од Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Тием има сила, префинетост и умее да погоди неверојатни удари”- изјави Виландер.

Доминик Тием моментално е петти на АТП ранг листата, а на завршниот Мастерс во Лондон се најде во групата со Ѓоковиќ, Федерер и Беретини. Тој оваа сезона играше во финалето на Ролан Гарос каде загуби од Рафаел Надал.