Денешната комплетна програма на Вимблдон е четвртфиналната во женска конкуренција, меѓу осумте кои стигнаа до оваа фаза од турнирот има само две од топ 10 конкуренција, Симона Халеп од Романија, седма фаворитка и Елина Свитолина од Украина која настапува како осма на турнирот.
На централниот терен два меча, од 14 часот започнуваат двете тенисерки од САД, Алисон Риск и Серена Вилијамс. По нив за пласман во полуфиналето ќе играат, Стрикова од Чешка и Конта од Британија.
На теренот број 1, Симона Халеп е голем фаворит пртотив Чанг од Кина, потоа се среќаваат, Мухова од Чешка која ја предизвикува Свитолина.
Be the first to write a comment.