Денеска се играат осминафиналните дуели на Вимблдон, за прв пат во историјата на „Open era“ во оваа фаза од натпреварувањето ќе има повеќе тенисери постари од 30 години а помалку под оваа возрасна граница.

Ѓковиќ, Федерер, Надал, Баутиста,Паир, Вердаско, Кукушкин, Квери и Соуса се потрудија да испишат историја која досега не се случила на Вимблдон.

Во осминафиналето има само двајца помлади од 27 години, Матео Беретини (23) и Уго Умберт (21) кои се среќаваат со топ фаворитите, Федерер  и Ѓоковиќ.

Интересно е тоа што само четворица од топ 10 фаворитите се во осминафинале, Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Нишикори.