Актуелниот шампион на Вимблдон и светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е првиот  полуфиналист на турнирот по победата во три сета против Давид Гофан по 1 час  и 59 минути игра.

Ѓоковиќ немаше никакви проблеми со Гофан, славеше со 6-4, 6-0 и 6-2 . За Ѓоковиќ ова беше 70. победа на Вимблдон каде ја брани титулата. Српскиот тенисер го запиша  деветиот пласман во полуфиналето на овој најпрестижен турнир.

Противник во полуфиналето ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Пела  и Баутиста Агут.