Денеска запонуваат мечевите од третото коло на Вимблдон 2019. Новак Ѓоковиќ ќе настапи на теренот број 1, младата сензација, 15. годишната Кори Гоф ќе го игра последниот меч на централниот терен што е голема привилегија.

Шамионот во мака конкуренција,Новак Ѓоковиќ ќе игра против Хуберт Хуркач од Полска на теренот број 1 и тоа како втор меч. На централниот отвараат четвртиот фаворит Кевин Андерсон и Гвидо Пела, по нив ќе се сретнат Халеп  и Азаренка.

Главниот меч на централниот терен е резервиран за дуелот меѓу Полона Херцог  од Словенија  и Кори Гоф од САД која има неполни 16 години и која е вистинска сензација на Вимблдон.

На теренот број 1 први се среќаваат Хсијех  и Плискова кај дамите,  по мечот на Ѓоковиќ и Хуркач  ќе играат Феликс Агуер Аласим од Канада и Хумберт од Франција.