Новак Ѓоковиќ и Давид Гофан утре на централниот терен ќе ги отворат натпреварите во четвртфиналето на Вимблдон од 14 часот. Во истиот термин на тернетот број 1 ќе играат Гвидо Пела  и Роберто Баутиста Агут.

На централниот терен  втор меч ќе биде дуелот меѓу Роџер Федерер  и Кеи Нишикори. Втор меч на теренот број еден за утре е пресметката меѓу Сем Квери и Рафаел Надал.

Првите три фаворити на Вимблдон 2019 се борат за пласман во полуфиналето во кое е можна пресметка меѓу Надал и Федерер.