Енди Мареј ги израдува своите навивачи, ќе настапи на Вимблдон, ќе игра во двојки на овој пресстижен турнир со Пјер-Хуго Херберт од Франција.

Мареј ова го одлучи по победата на турнирот во Квинс каде во двојки  заедно со Фелисијано Лопез импресионираше по петмесечната пауза поради повреда.

Енди Мареј последниот меч сезонава пред турнирот во Квинс го играше на Австралија Опен во јануари.