Новак Ѓоковиќ одбраната на титулата на Вимблдон  ја продолжува против Давид Кудла од САД. Српскиот тенисер е голем фаворит против Американецот со кого се среќава  за прв пат.

Кудла на Вимблдон нема позначајни резултати, во 2015 година стигна до четвртото коло, овој меч е закажан како последен на централниот терен.

Денеска уште се среќаваат, Пуиг против Плискова и Едмунд за противник го има Вердаско од Шпанија. На теренот број 1, од 14 часот првиот меч го играат домашната тренисерка Вотсон со Контавеит од Естонија, по нив следува мечот меѓу Качанов  од Русија и Лопес од Шпанија, денот ќе го заокружат Возниацки од Данска и Кудерметова од Русија на главните два терена на Вимблдон.