Денеска на Вимблдон се играат  осминафиналните мечеви во машка  и женска конкуренција. Ѓоковиќ, Федерер  иНадал ќе ги одиграат своите мечеви, во женска конкуренција, сензацијата Гоф од САД бара шанса за историски пласман во четвртфиналето.

Ѓоковиќ се среќава со Умбер од Франција на теренот број 1, на централниот ќе  настапат, Надал против Соуса и Федерер кој за противник го има Беретини од Италија.

Во женска конкуренција, првата фаворитка Бари ќе игра на теренот број 2, за протвник ја има Риск од САД, сензацијата Кори Гоф ќе настапи на теренот број 1, нејзина противничка е Халеп од Романија.