Најпрестижниот, најугледниот, најстариот и веројатно најпосакуваниот Грен слем за освојување Вимблдон,  годинава со вкупен фонд од  38 милиони фунти, тоа е 12% зголемување на фондот од ланското издние.

Победникот на Вимблдон  за 2019 година ќе заработи 2,35 милиони фунти, тоа е 100.000 повеќе од минатата година. Специфичен по многу нешта, овој Грен слем е најугледниот и најпосакуваниот во тениската година.

Се започна во 1877 година, ова е најстариот турнир во светот, се игра на трева, тенисерите мора да се облечени во бело, нема отстапки, нема преговри, станува збир за традицја, континуитет  и секако престиж.

Овој турнир обично се одржува кон крајот на јуни и почетокот на јули, Вимблдон 2019 ќе започне на 1 јули и ќе заврши на 14, традиционално, првата недела нема тенис, освен ако има дожд „шест дена во низа“ но сега има покриен централен терен па тоа е невозможно да се случи.

Само неколку пати во долгата историја на овој турнир се случило во „светата прва недела“ да се игра тенис, во 1991, 1997, 2004 и 2016 поради непрестани врнежи од дожд организаторите морале да ја поместат програмата и да наложат да се играат натпревари.

Вимблдон е специфичен  и по тоа што носителите на турнирот не се определуваат според АТП листата, организаторот „ОЛ ИНГЛАНД КЛУБ“  се раководи по свои правила независни од АТП.

Составен дел на Вимблдон се јагодите со шлаг, составен дел како и тениското топче, без нив не се може, тоа е препознатлив дел од „ритуалот“ на Вимблдон.

 

Иако не беа во фокусот на вниманиет, Николас Масу и Џон Изнер  го одиграа најстариот меч во историјата на Вимблдон, најдолгиот дуел во историјата се играше од 22 до 24 јули во 2010 година на теренот број 18,  се играше 11 часа и 5 минути  и тоа  во 3 дена во  првото коло.  Последниот сет заврши со резултат 68-70 во гемови, Изнер имаше неверојатни  113 ас удари,  двајцата тенисери освоиле 980 поени.

Односот на кралското семејство и Вимблдон е многу специфичен, кралицата ретко се појавува на финалните мечеви, кралицата Елизабета  на турнирот доаѓала во 1957, 1962, 1977 и последен пат во 2010 година.

Судијата секогаш им се обраќа на тенисерките со ’Miss’ или ’Mrs’.Најмладиот освојувач на Вимблдон во историјата на машкиот сингл е Борис Бекер кој во 1985-та го крена златниот пехар на само 17 години и 227 дена откако во финалето го победи Кевин Карен.

Трофејот наменет за машкиот победник е изработен од мешавина на злато и сребро. Висок е 47 сантиметри а широк 19 сантиметри. Пехарот резервиран за жените е висок 46 сантиметри, декориран со митолошки фигури. Шампионите добиваат реплика од овие пехари 3:4 сооднос на големина со оригиналите.

Оригиналните пехари се заштитени во Музејот на Вимблдон кој се наоѓа во Church Road.