Денска на Вимблдон се играат четвртфиналните дуели во мапка конкуренција, вкупно четворица од топ 10 конкуренцијата ќе истрчаат на централниот  и теренот број 1 од 14 часот.

Новак Ѓоковиќ прв фаворит  и шампион од лани против Давид Говин отвара на централниот терен, потоа следува дуелот  меѓу Кеи Нишикори(8) и Роџер Федерер (2) во дуелот на двајцата фаворити од топ 10 конкуренцијата.

На теренот број 1, првиот меч е меѓу Пела од Аргентина  и Баутиста Агут од Шпанија,  веднаш по нив ќе се сретнат Сем Квери од САД  и Рафаел Надал од Шпанија.