Денеска на Вимблдон се играат полуфиналните пресметки кај дамите, од четирите тенисерки само две се од топ 10 конкуренцијата, Халеп како седма  и Свитолина како осма, овие две се во директна борба за финалето.

Елина Свитолина од Украина ќе игра за своето прво финале на Вимблдон, Сиома Халеп од Романија исто така посакува  да стигне до својот прв завршен меч на овој најпрестижен турнир. Халеп и Свитилина играат први на централниот терен од 14 часот.

Второто полуфинале е мечот меѓу Серена Вилијамс и Барбора Стрицова. Американката ќе игра за своето 11 финале , досега победила седум пати на Вимблдон, минатата година беше финалист. Барбора Стрицова иако има 33 години, за прв пат е полуфиналето во кариерата на Вимблдон и сака историски резултат, финале на најпрестижниот турнир.