Претпоследен ден на Вимблдон 2019, резервиран за финалето кај дамите, Серена Вилијамс пртив Симона Халеп ја бара 24 титула на големите турнири, тенисерката од Романија игра за првата на Вимблдон и вкупно втора во кариерата на Грен слем турнирите.

Серена Вилијамс има поголемо искуство, повеќе мечеви, но и повеќе години, има 37 и е пред завршување на кариерата, изјави дека сеуште не размислува за тоа  јасно е дека е пред спортско пензионирање.

На Вимблдон, Серена има седум титули, последната ја освои во 2016 година, минатата загуби во финалето од Анжелик Кербер. Американката е во „трка“ со годините, по враќањето на терените откако се породи во 2017 година, нема победа на големите турнири, тоа секако ја фрустрира, но сега има шанса против Халеп конечно да дојде до првата титула како мајка.

Симона Халеп од друга страна нема титула на Вимблдон, игра за првата во првото финале во кариерата на овој најважен турнир во годината. Оваа година Халеп загуби од Серена на Австралија опен и сега сака „одмазда“ за поразот во осминафиналето. Халеп има само една победа над Серена Вилијамс во 10. пресметки досега, победи на Индијан Велс во 2015 година.

Финалето меѓу Серена Вилијамс и Симона Халеп започнува од 15 часот.