Американката Кори Гоф е  тенисерка која испиша  историја на Вимблдон, со 15 години и 122 дена таа е најмладата која ќе настапи на главниот дел од Вимблдон во „Open era“.

Гоф е седма на јуниорската листа а 301.  на ВТА според ранкингот, нејзини идоли се сестрите Вилијамс, утре ќе се сретне со постарата, Венус на неофцијалното светско првенство во тенис.

„Сестрите Вилијамс се „виновни“ што започнав да играм тенис, имав некое претчуство дека еден ден ќе играм против една од нив, многумина ме прашуваа дали зум задоволна од ждрепката, јас сум среќна што ќе играм против една легенда, многу сум возбудена, ќе видиме што ќе направам“ – изјави Гоф.

Гоф нема сериозни шанси за победа против искусната Вилијамс, сепак Вимблдон е вистинско место за создавње на   нови спортски херои, можеби е  ова време за младата тенисерка од Америка, таа е помлада од својата противничка 23 години и 8 месеци, жедна е за докажување, можеби утре ќе се случи „чудо“ .