Престижниот тениски турнир Вимблдон не е засегнат од поместувањето на денот за почеток на Ронал Гарос, и поради ова ќе започен според планот.

Вимблдон ќе се игра од 28 јуни, што е една недела подоцна оод првичниот предвиден датум, но нема да има дополнително одложување.

Ова го потврди организаторот кој посочи дека неофицијалното светско тениски првенство ќе започне на 28 јуни, а квалификациите се закажни за 21 јуни. Според најавите од Англија, на трибините ќе има лимитиран влез за публиката.

Посто можност да бидат одложени неколку помали турнири на трева, односно да добијат нови датуми за одржување.