На 1 јули во престолнината на Велика Британија Лондон ќе започне 133. издание на најстариот тенискиот турнир кој важи и за неофицијално светско првенство Вимблдон.
Главен фаворит за освојување на третиот овогодишен Гренд Слем турнир е минатогодишниот победник, Србинот Новак Ѓоковиќ, а после на листата на фаворити е неприкосновениот Роџер Федерер. Не се заборава и Рафаел Надал,но според прогнозите на тениските аналитичари можни се големи изненадувања особено во првата недела од турнирот.
Кај дамите минатогодишната најголеми шанси за триумф и се дава на прворангираната Австралијанката Ешли Барти ,а потоа следуваат Серена Вилиамс и Петра Квитова од Чешка.
Наградниот фонд изнесува 38 милиони фунти и е за околу 12 проценти зголемена во однос на минатата година кога изнесуваше 34 милиони фунти.
Победниците во машка и женска категорија ќе добијат по 2,35 милиони фунти.
.
Be the first to write a comment.