Американката Лорен Дејвис, која на Вимблдон настапува како 95-та носителка, а се пласираше на главниот турнир како „среќен губитник“, го направи најголемото изнеднадување на турнирот досега, откако во рамки на второто коло ја елиминираше петтата носителка и бранител на трофејот, Анџелик Кербер. Германката го доби првиот сет со 6-2, а со идентичен резултат го загуби вториот сет. Во решавачкиот трет сет, Дејвис беше убедлива и дојде до победа со 6-1.

Дејвис со пласманот во наредното коло го изедначи својот најдобар резултат на Вимблдон и Гренд Слем турнирите, додека Кербер за првпат по 2013-та година го заврши својот настап на овој турнир пред третото коло.